Нови детали за бруталната тепачка во Гостивар: Осомничени двајца малолетници и 20-годишник

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расветлен случајот со насилниот инцидент во Гостивар, откако полициските службеници ги идентификувале лицата што учествувале во нападот.

Screenshot

Според МВР, на 2 август во 22:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои употребиле тврди и дрвени предмети.

По објавувањето на видеото од инцидентот на социјалните мрежи, полицијата презела низа мерки и активности, по што, во координација со јавен обвинител, биле идентификувани тројцата осомничени.

На службен разговор во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им биле одземени патните исправи. Третиот осомничен е В.Д. (20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, по брза постапка, осомничените со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

Back to top button
Close