Нови дојави за бомби

Само што стигнаа учениците во училиштата, нови дојави за бомби стигнаа и на мејловите на неколку скопски училишта, па учениците веќе се евакуираат.

Дојави за бомби има во гимназијата „Орце Николов“, како и во основното „Димитар Миладинов“. Од полицијата уште не излегле со конкретна бројка колку вкупно дојави се стигнати денеска.

Вчера вакви дојави имаше во 23 средни и 22 основни училишта во Скопје и заканите не се престанати од октомври минатата година

Back to top button
Close