Нови големи ракетни напади во Украина- нападната клучна инфраструктура во Харков, Киев,Одеса


Русија утринава изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти. Експлозии се слушнаа во источниот град Харков, а локалните власти соопштија дека е погодена клучна инфраструктура во градот.

Официјални лица во црноморскиот регион Одеса, исто така, наведуваат дека руски ракети погодиле критична инфраструктура.

Британските медиуми објавуваат дека силни експлозии се слушнале и во главниот град Киев, иако не е јасно дали се работи за противвоздушната одбрана или проектили што ја пробиле одбраната и ги погодиле наменетите цели. Засега нема информации за можни жртви, исто како што нема детали за инфраструктурата што е зафатена.

Поради денешните ракетни напади гувернерот на северниот регион Шуми соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија

Back to top button
Close