Нови имиња во ЦО на СДСМ: Архитектот Мишко Ралев и професорот Леонид Наков дел од тимот на Ковачевски

Во новиот Централен одбор на партијата, влегуваат Мишко Ралев професор и декан на факултет за архитектура и дизајн, како актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти, пренесе Нова.

Во ЦО на СДСМ влегува и Леонид Наков професор на Економски факултет.
Изборот на Ковачевски за ново партиско раководство е составено од различни профили на личности, односно СДСМ во највисоките структури ќе добие повеќе општествено познати и признати личности. Лидерот на СДСМ, Ковачевски утре на ЦО треба да го претстави новото раководство на партијата, како и неговите предлози за министерските и заменичките позиции во новата Влада.

Back to top button
Close