Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел


Израелската армија соопшти дека ја напаѓа „терористичката инфраструктура“ во Бејрут.

Локалните медиуми објавија дека цел на напади се јужните предградија на Бејрут.

Во меѓувреме, од јужен Либан истрелани се седум ракети кон северниот дел на Израел.

Израелската Команда за цивилна заштита соопшти дека се огласиле сирените за тревога во Нахирија и делови од западна Галилеја.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close