Нови ковид протоколи за влез на македонските државјани во Данска и Италија

За Данска е потребен валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тестВо Италија македонските граѓани нема да можат да патуваат туристички, туку само за работни потреби, итни или здравствени потреби, студирање.

Данска и Италија со нови ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти во оваа земја ќе може да се влезе со валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.

Во Италија, пак, македонските граѓани нема да можат да патуваат туристички. Влез ќе биде дозволен само за работни потреби, итни или здравствени потреби, студирање…

Ова е резултат на најновата одлука на италијанските власти, со која Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за нејзините државјани, туку само за работни потреби, апсолутна итност, здравствени потреби, потреби за студирање, враќање во својот дом или живеалиште, велат од МНР

Враќање или влез во Италија, се дозволува за оние државјани на Северна Македонија кои имаат регулирано долгорочен престој во Италија и за нивните членови на семејството. При влез во Италија задолжително е да се прикаже пополнет онлајн формулар за локација (dPLF) и негативен резултат од молекуларен или антигенски тест. Покрај ова следува и задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

 

 

Back to top button
Close