Нови обвинувања: Паниката во ВМРО ја извади на површина Платформата за рушење на СДСМ


СДСМ обвини дека, како што велат, паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ довела до активирање на „Платформата за рушење на СДСМ“, оценувајќи дека станува збор за координирана кампања насочена кон внатрешно слабеење на партијата.

Од СДСМ тврдат дека, по низа објавени скандали и, според нив, пад на поддршката кај власта, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со дефокус и политички напади да ја пренасочи јавноста.

„ВМРО е толку многу паднато што и нивните анкети тоа го покажуваат. Немаат одговор на ниту едно прашање, ниту на скандалите што ги објавивме, ниту резултати“, соопштија од партијата.

Во соопштението се наведуваат и обвинувања за, како што велат, „криминални тендери“ и „бизнис мрежи во енергетиката“, како и за наводни обиди за медиумски и политички притисок.

СДСМ тврди дека, по неуспешните кампањи и, како што наведуваат, „измислени афери“, следувале обиди за внатрешно дестабилизирање на партијата.

„Потоа следеа обиди за рушење на СДСМ одвнатре. Ниту тоа не успеа. Затоа денес ја вадат ‘Платформата’ како последен адут“, велат од СДСМ.

Партијата обвини дека се прават обиди за создавање нов политички блок без СДСМ и за, како што наведуваат, дополнително распарчување на опозицијата.

„СДСМ е единствената неконтролирана опозиција која се бори власта да се врати кај граѓаните“, се додава во реакцијата.

Од СДСМ порачуваат дека ќе продолжат, како што велат, со објавување на информации за „криминално-коруптивни дејствија“ и ќе се залагаат за европски реформи, слобода на медиуми и институционален систем

Back to top button
Close