Нови правила за невакцинирани работници во Германија, нема плата за време на карантин

Ова, како што се наведува, ќе влијае на оние кои имаат позитивен тест, како и на оние кои се враќаат од патување од земји кои се означени како „високо ризични“
Германските здравствени власти денеска одлучија дека, почнувајќи од 1 ноември, невакцинираните нема да добијат надомест за плата, доколку мерките за коронавирус ги принудат на карантин, јави Дојче веле.

Ова, како што се наведува, ќе влијае на оние кои имаар позитивен тест на коронавирус и оние кои се враќаат од патување од земји кои се означени како „високо ризични“ за ковид-19, меѓу кои и Обединетото Кралство, Турција и делови од Франција.

Критичарите велат дека таквите правила ќе бидат еквивалентни на задолжителна вакцинација против ковид-19, бидејќи многу работници не можат да си дозволат да останат дома без плата.

Back to top button
Close