Нови правила за патарините низ Македонија: Повисоки минимални суми, но и попусти за возачите

Владата донесе нова одлука со која се менуваат правилата за електронско плаќање патарини, со цел да се зголеми ефикасноста, да се намали времето на чекање на наплатните станици и да се поттикне користењето на бесконтактни методи.

Како што информираат за „Блумберг Адрија“, новите мерки треба да придонесат и за зголемена безбедност и намалување на злоупотребите, преку „намалување на влијанието на човечкиот фактор и зголемување на задоволството на граѓаните“.

ИЗМЕНИ

  • Минимален износ за дополнување на смарт-картичка: зголемен на 500 денари (претходно 300 денари).
  • Цена на електронски уред МТАГ: намалена од 1.200 на 1.000 денари.
  • Минимално дополнување за МТАГ: зголемено на 1.000 денари (претходно 300 денари).
  • Попусти за електронско плаќање:Рок за плаќање на издадена казна (билет): продолжен од 24 на 48 часа.
    • 2% попуст за корисниците на смарт-картички.
    • 3% попуст за корисниците на МТАГ, пресметани при секое поминување на патарина.
  • Поголема достапност на уредите МТАГ: ќе може да се купуваат и дополнуваат на повеќе продажни места преку надворешни дистрибутери.

 

Со новите мерки, властите се надеваат дека ќе го зголемат бројот на корисници на електронскиот систем за наплата и ќе го олеснат протокот на возила, особено во летните месеци кога сообраќајот е зголемен.

Back to top button
Close