Нови правила за пушење во кафеаните – eве каде ќе смее да се пуши

Предлог-законот за заштита од пушење ќе претрпи измени по последната средба меѓу угостителите и претставниците на Владата. Клучната промена е тоа што терасите на локалите, за да се сметаат за простор каде е дозволено пушење, ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни, наместо првично предвидените три.

 

Оваа одлука доаѓа откако институциите утврдиле дека голем дел од објектите немаат техничка можност да ги отворат терасите од три страни. Сепак, забраната за пушење во затворените делови на објектите останува целосна и категорична.

 

„Во деловните простори, во внатрешноста, нема да се пушат цигари, ’ајкос’ или ’вејп’. На терасите ќе продолжи да се пуши, со обврска да ги приспособиме на новиот закон – да бидат отворени од минимум две страни и заградени до висина од 1,40 метри поради безбедност и природно проветрување“, изјави Перица Голомеиќ, претседател на Туристичко-угостителската комора.

 

Иако угостителите бараа одложена примена од три години, извесно е дека ќе добијат рок од најмногу една година по стапувањето на сила на законот за да ги приспособат своите објекти.

 

 

Back to top button
Close