Нови протести во Бугарија со барање за оставка на Владата на Борисов

) – Седми ден по ред се одржуваат антивладини протести во Софија.

Демонстрантите се собраа попладнето околу 17 часот по локално време и се очекува протестот да продолжи до доцна во ноќта, јавија бугарски медиуми. Засилено е присуството на полицијата во бугарскиот главен град.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов   го отфрли барањето на претседателот Румен Радев, неговата коалициска влада, соочена со масовни антивладини протести, да поднесе оставка.

– Оставката на оваа влада нема да ја подобри ситуацијата, рече Борисов пред состанокот на владата и ја повика опозицијата да помогне во надминување на кризата.

Тој предупреди дека последиците од пандемијата врз бугарската економија ќе бидат многу сериозни и рече дека на самитот на ЕУ в петок, ќе се заложат дека Бугарија да добие финансиска помош од фондот за обнова од корона-кризата, што треба да изнесува 750 милијарди евра (857 милијарди американски долари).

Илјадници Бугари протестираат со денови на улиците на Софија, барајќи оставка на Борисов и главниот државен правобранител, обвинувајќи ги за корупција и мафијашко однесување. Протестите, во меѓувреме, се проширија во црноморските градови Варна и Бургас и Пловдив на југ.

Протестите почнаа откако главниот правобранител Иван Гешев нареди претрес на кабинетот на претседателот и апсење на двајца соработници на Радев.

Гешев го обвини Радев за неуставно однесување, твитувајќи дека ја нарушил независноста на судството и извршил притисок врз обвинителството.

Протестите ги поддржува опозициската Социјалистичка партија, чии гласови во 2016 година го донесоа Радев за претседател. Следните парламентарни избори се закажани за март 2021 година. зш/

Back to top button
Close