Нови рестриктивни мерки во Хонгконг поради Ковид-19

– Властите во Хонгконг денеска ќе ги објават новите мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, кои ќе стапат во сила од среда, а вклучуваат целосна забрана за работа на рестораните и задолжително носење маски на јавни места.

Хонгконг е првиот град кој воведува забрана за седење во ресторани.

Од крајот на јануари во Хонгконг се заразени со коронавирус повеќе од 2.600 лица, а 19 се починати.

Back to top button
Close