Нови рестриктивни мерки во Луксембург поради коронавирусот

Луксембуршкиот премиер, Ксавие Бетел, најави нови построги мерки против коронавирусот откако во оваа земја почна повторно да расте бројот на заразени.

Бетел синоќа го напушти самитот на ЕУ за да се обрати на итна владина седница во својата земја.

Премиерот порача дека порастот на заразени од Ковид-19 во Луксембург се должи пред сѐ на приватни собири и дека поради тоа повторно се воведуваат рестрикции за населението.

Приватните собири се намалуваат од максимум дваесет лица на десет, без разлика дали е затворена или отворена просторија, а лицата кои се позитивни на вирусот мораат да бидат во карантин. Во случај на непочитување на карантинот, казната изнесува 145 евра за приватни лица и до осум илјади евра за угостителските објекти и претпријатијата што ги прекршуваат мерките.

Со оглед на тоа дека вонредната состојба не е веќе на сила во Луксембург, овие мерки треба да бидат одобрени од парламентот во текот на оваа недела.

Back to top button
Close