Нови теренски возила за потребите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го обнови возниот парк со теренски возила за потребите на Сектор Водовод, Сектор за експлоатација и одржување на капацитети и дежурната служба во рамки на Информативниот центар.

Од Јавното претпријатие информираат дека седумте теренски возила се набавени и распределени во овие сектори заради полесно извршување на теренските активности и олеснет пристап до специфичните подрачја на кои е распространета мрежата на претпријатието.

– Неодамна, Секторот за санитарна заштита при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ја комплетираше ревитализацијата на микробиолошкиот оддел согласно европските стандарди, регулативи и директиви, велат од јавното претпријатие.

Посочуваат дека претходно е обновено дел од механизацијата во декември 2019, со набавка на две нови цистерни под притисок со волумен од 4м3, две цистерни под вакуум со волумен од 4м3, како и специјализирано мерно комбе – возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа, со цел, како што велат, подобрување и унапредување на работниот оперативен процес, но и подобрување на условите за живот на граѓаните, како и грижата за животната средина,

Истакнуваат дека преку имплеметација и реализација на инвестиционата програма, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје инвестира и во иднината на претпријатието, во олеснување на работните процеси и во подобрување и унапредување на услугите кои се во служба на корисниците и граѓаните на Град Скопје

Back to top button
Close