Нови тројца кандидати за градоначалници од СДСМ, досега објавени вкупно 60 кандидатури

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:

-Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип

-Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и

-Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.

-Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.

Сите кандидати на СДСМ се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници – соопшти партија.

Back to top button
Close