Новинарите вознемирени – полицијата ја исклучи албанската News24 и весниците „Панорама” и „Газета шчиптаре

Здружението на новинари на Албанија (AGSH) остро реагираше откако полицијата ги опколи канцелариите на телевизијата News24, исклучувајќи го нејзиниот сигнал, како и весниците „Панорама” и „Газета шчиптаре” оценувајќи го настанот како неприфатлив чин и директна закана за слободата на печатот.

Според здружението, блокадата на работните простории на новинарите претставува флагрантно кршење на основните принципи на демократијата и слободата на изразување, загарантирани со Уставот и меѓународните акти за човекови права.

За овој, како што го нарекуваат „чин без преседан против слободата на медиумите” реагираа и БИРН, познати аналитичари и партиите од опозицијата.

Полицијата ја опколи зградата на „Њуз24“, насилно и без предупредување прекинувајќи го сигналот за емитување, а пристап им забранила на новинарите на редакциите на споменатите медиуми.

„Итно ги повикуваме политичките партии, граѓанското општество, медиумските организации и странските амбасади во Тирана веднаш да реагираат и да го спречат овој насилен чин, гарантирајќи итно враќање на радиодифузијата и целосно почитување на слободата на говорот, стои во реакцијата на телевизијата.

Полицијата ја опколила зградата на „Њуз24“, каде се редакциите и на весниците, без предупредување прекинувајќи го сигналот за емитување, забранувајќи им пристап на новинарите на споменатите медиуми.

Засега нема објаснување за причините за овој настан.

Back to top button
Close