Новинарката Александра Велинова се закити со награда за најдобар презентер за 2022 година

Презентерката и новинарка Александра Велинова е добитничка на „Balkan Media Awards“ во категоријата Најдобар презентер за 2022 година, награди кои по 11-ти пат се одржаа во Софија во ексклузивниот амбиент на Гранд хотел, а во организација на ВИП Комуникејшн.

Оваа награда во различни категории ја добија 40 новинари од пишаните и електронските медиуми.

 

Велинова има 15-годишна кариера во печатени и електронски медиуми, почнувајќи од водителка на контактно-образовна емисија на МТВ преку новинарка и водителка на телевизија „Алфа“, репортерка и презентерка во „Нова“, како и новинар во „Точка“, а денес е презентерка и новинарка во „ТВ21“.

 

 

 

 

 

Back to top button
Close