Новинарката Ивановска-Јоци: Жена му на Чулев ми испраќаше „суптилни“ поздрави за да ме заплашува

Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска-Јоци:

ЖЕНА МУ НА ЧУЛЕВ СО ПРИТИСОК КОН МЕНЕ: ,,Наќе има труење, внимавај кога објавуваш вести”

Што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие МВР во свое владение, макар и привремено? Сопругите на министрите ви пишуваат и го употребуваат зборот – внимавај. Нели е слатко сево ова за сите оние кои велат – Наќе не е за ништо виновен⁉️
Одлично. Тоа е таа вмровска силина и моќ која пак ја добиле и ароганција дека никој, ништо не им може. И мислат може да вршат притисок каде стасаат. Ако некој се осмелил мене да ми напише вакво нешто, можам да замислам утре вам што може да ви напишат, порачаат, да ве ,,поздрават”.

Јасминка Чулева, која на Фејсбук е сликана со својот маж, Наќе #Чулев и ги има двајцата на семејни веселби од профилот од кој пишуваше, на 1 април годинава, најбезобразно, под превезот на ,,загриженост”, се дрзна да ми кажува што треба да пишувам, а што не за нејзиниот маж, кој патем е министер за внатрешни работи и располага со илјада надлежности, репресивни, а на клучни позиции, околу 80, постави свои лојални началници, блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Како би се чувствувале вие да ви напише жената на Чулев ,,внимавај” и да ве обвини без никакви докази дека ширите лаги за нејзиниот маж-министерЌе внимавате каде се движитеЈас, секако внимавам по ова нејзино писменце, не за друго со месеци имам разни закани од вмровци. Некои се и пријавени во МВР.
А, навреди од вмровци и пропагандни лаги, ги имам едно стотина на ден.
👉Линк до мојот пост, каде нема ниедна лага, само сум цинична:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10221694074321054&id=1230857287

Нејзината чудна писмена реакција, со низа обвинувања, пристигна по мојот пост дека Чулев, на 31 март 2020, не присуствуваше на Совет за безбедност кај Претседателот, #Стево #Пендаровски, а од неговиот кабинет официјално соопштија дека тој бил исцрпен⁉️ Значи, оттаму не кажаа на јавноста дека човекот има било какви здравствени проблеми, како што тврдеше ,,госпоџа Чулеица”, напротив дека бил исцрпен. И, секој граѓанин се води од тоа официјално соопштение. Ние не гледаме на гравчиња што им се случува на Чулевци по дома, а искрено не треба ни да не` интересира. Ние типов го плаќаме да го води МВР во време на пандемија, а не да знаеме кога и што јадел или што гледал на тв.

А, меѓу нејзините тврдења и упатеното ,,внимавај” кон мене за спорниот 31 март, сопругот Чулев, претходниот ден на 30 март, беше во Тетово, а веќе следниот ден на 1 април имаше пост на ФБ, а на 2 април, здрав како кукурек, имаше средба со претставник на Обединетите нации во канцеларијата на МВР.

Да сумирам.
Јас не можам да знам дали некој ја пратил Јасминка Чулева да ми испраќа суптилни ,,поздрави”, да ме заплашува, да ме предупредува меѓу редови или едноставно е некоја ,,алфа” женка по дома, која, решила да се пресмета со сите кои пишуваат нешто за нејзиниот маж.
Особено околу мене, која сум во фокус на вмровци, бидејќи ги уништувам во поим, месеци наназад. А, не им се ни плашам.

Но, и во двата случаи е вистински проблем, затоа што нема ништо пријателско да ви пишува и да ве обвинува жена на министер на МВР.
Кој месеци потроши во поднесување кривични пријави за сите кои се против шефот му, Христијан Мицкоски, потроши 2 милиони евра без отчет, си ангажираше 80 полициски возила за спот, си организираше паради и му се заразија полицајци, му падна хеликоптер и за ништо нема одговорност. И, оние негови вработени кои се закануваа на новинари, јавно пред камера, не понесоа никаква одговорност.
Грујовизмот е многу жив во оваа техничка Влада

Не ви се плашам, а по 5 јули сите ќе ве испратам во мајчината – со свирачи

#ЗбогумВмројна

Back to top button
Close