Новиот француски министер за полиција под истрага за силување

– Францускиот претседател Емануел Макрон и новата Влада се принудени да ја бранат одлуката за назначување на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи против кого се води истрага за наводното силување, јави Би-Би-Си.

Случајот беше отфрлен во февруари 2018 година, но овој јуни Апелациониот суд во Париз донесе одлука дека причините за откажување на на истрагата не се доволни.

Дарманин остро ги негира тврдењата дека во 2009 година ја силувал Софи Патерсон Спац кога таа побарала правна помош од него.

Тој изјави дека таа се согласила да има секс и ја обвинува за клевета. Меѓутоа, неговото именување предизвика шок и гнев кај феминистичките групи и критичарите на Владата, пренесува Би-Би-Си.

Макрон почна со реконструкција на Владата во петокот, по лошите резултати на неговата партија Република во движење на локалните избори минатата недела.

Истиот ден, досегашниот премиер Едуард Филип поднесе оставка, а на негово место беше назначен конзервативниот политичар Жан Кастекс.

Неколку часа подоцна, судот почна истрага за реакцијата на Владата на пандемијата на коронавирусот, која се фокусира на тројца високи функционери, вклучувајќи го и Филип.

Back to top button
Close