Новиот монах Георгиј е предлогот за нов митрополит во Охрид

Новоизбраниот монах Георгиј е предлогот на Архиепископот Стефан за избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, пренесува Религија.мк повикувајќи се извори во Синодот на МПЦ-ОА.

Архиепископот денеска предлогот го испратил до членовите на Синодот, а седницата за избор ја закажал за 12 јуни оваа година.

Во известувањето Архиепископот пишува дека го предлага јеромонахот Георгиј за ракополагање во епископски чин и избор на Митрополит за Дебарско-кичевската епархија.

Отец Георгиј, или поранешниот декан на Богословскиот факултет и ексамбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27 мај. Следниот ден на 28 е произведен за јероѓакон, а денеска избран за јеромонах. Според предлогот на Архиепископот на 12 јуни треба да биде избран за Епископ и за Митрополит, после само 16 дена од замонашувањето

извор религија мк

Back to top button
Close