Новиот профил на албанскиот Парламент Најбројни економисти и правници, но и четворица новинари

Новиот албански законодавен дом, кој произлезе од изборите на 11 мај, според важечките законски одредби ќе биде конституиран на 8 септември, кога 67 пратеници ќе положат заклетва за првпат.

Меѓу 140 пратеници 50 се жени а според професијата доминираат економисти, 31 и правници, 27, лекари се 12, меѓу нив и кадрилогот Сали Бериша, 8 се инжињери, исто толку просветни работници и дипломирани социолози.

По 6 се бизнисмени и универзитетски професори, потоа четврица дипломирани политиколози, како и тројца психолози, исто толку со завршен факултет за меѓународни односи, како и тројца воени старешини. Еден пратеник е од областа на менаџментот, додека двајца се архитекти.

Како никогаш досега, медиумската заедница ќе има четири поранешни новинари во новиот парламент, кои мора да ја носат одговорноста на пратеник и да преминат од новинарството во првата линија на парламентарната политика.

Што се однесува до просечната возраст таа изнесува 47 години. Најмлада е пратеничката Марјана Кочеку од Социјалистичката партија избрана во ИЕ Скадар, додека највозрасен е лидерот на Демократите, Сали Бериша (81), кој и треба да претседава со конституивната седница.

Во случај Бериша да ја одбие оваа „привилегија“, палката ќе ја преземе друг доктор од редовите на демократите, 76-годишниот Тритан Шеху, додека третиот кандидат доаѓа од редовите на социјалистите, 68-годишниот Васил Љајо.

Од вкупнјот број 83 се од редовите на социјалистите, 50 од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од демократите, тројца од Социјалдемократската партија на Том Доши, партијата „Можност“ на поранешниот член на ДП, Агрон Шехај два, додека Движењето „Заедно“ на Арлинд Ќори и коалицијата „Иницијатива Албанија станува“ (ИАС) на Адриатик Љапај и Ендрит Шабани по еден мандат

Back to top button
Close