Новиот случај на заразен од коронавирусот од Струмица е во државен карантин

 Струмичанец на возраст од 47 години е новиот случај на заразен од коронавирусот, информираа денес од Центарот за јавно здравје во Струмица.

– Тој се наоѓа во државен карантин, односно не е во Струмица и се работи за асимптоматски случај, изјави за МИА директорот на струмичкиот Центар за јавно здравје, Петре Витанов.

Досега во Струмица се регистрирани вкупно 13 позитивни случаи, од кои 9 се активни, три лица се оздравени, а едно почина.

Back to top button
Close