Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Британец „го искачи“ Монт Еверест во својата зграда - МИА

– Планинарката од Хонг Конг, Цанг Јин-хунг, среде своето петто десетлетие од животот го освои Монт Еверест за помалку од 26 часа. Со тоа, таа стана најбрзата жена на светот која го сторила тоа, потврдија непалските власти.

– Таа се искачи на 8.848 метри високата планина за точно 25 часа и 50 минути, во неделата. Го напушти базниот камп во 13:20 часот во саботата и се искачи на врвот следниот ден во 15:10 часот, изјави Ѓанендра Шреста, владин претставник на должност во базниот камп на Еверест. – Но, Цанг допрва треба да се пријави до претставниците на Гинисовата книга на рекорди и да добие потврда за нејзиниот подвиг.

Владата на Непал потврдува дека алпинистите се искачиле на врвот, но не издава сертификати за евиденција.

Цанг и организаторите на нејзината експедиција, кои се на пат кон Катманду, допрва треба да дадат соопштение. Рекордот за најбрза жена која го освоила Еверест го држеше Непалката Фуњо Жангму Лама со време од 39 часа и 6 минути.

Непал издаде рекордни 408 дозволи за Еверест оваа искачувачка сезона, откако лани таа беше откажана поради пандемијата.

Back to top button
Close