Новите автентични Фурнаџиски лебови со кисело тесто од Жито Лукс ви нудат авантура за сите сетила
Фурнаџиски леб со кисело тесто е уште еден нов производ кој нашиот
најголем производител од мелничко-пекарската индустрија, Жито Лукс го понуди на пазарот.
Подготвен од природни состојки по специјална рецептура со кисело тесто и во две варијанти,
како Пченичен бел и Интегрален пченичен леб, новиот леб има неодолива арома и
автентичен вкус на домашно подготвен леб.
Киселото тесто, како клучна состојка кај новиот производ, нуди природна форма на квас што го
подобрува вкусот и хранливата вредност на пекарските производи. Фурнаџискиот леб со
кисело тесто има одличен вкус, свежина и густа структура и е идеален за оние кои бараат
автентичен, вкусен леб. Овие два нови производи се практично исечени на парчиња кои се
свежи и меки и идеални за подготовка на сендвичи или како основа на секој оброк.