Новите учебници ќе бидат готови до ноември, вели Шаќири

 

Министерот за образование, Јетон Шаќири, очекува до крајот на октомври, почетокот на ноември, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да добијат учебници. За нив учебната година започна со подготвителни материјали за првото тримесечје, бидејќи учебниците сè уште не се готови.

„Искрено, кога велиме не добија буквар, добија подготвителни материјали што се однесуваат на него. Има две фази на одредување на постапките. Една постапка е поврзана со Комисијата, доставување на наставни програми, повик до автори. Образложив дека во овој период сакав да немаме временски притисок врз авторите за да имаме изработка на квалитетни учебници и за математика и за другите предмети и за букварот итн. Другата постапка е поврзана со процесот на ребаланс на буџет, а истовремено се организираше и постапка кадешто имаше временски рокови во кои требаше да заврши таа постапка“,вели министерот Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа и најави учебници до ноември.

Министерот Шаќири се согласува дека има ризик за наставата со физичко присуство. Вели дека проблемот ќе се решава во работна група, а се чешлаат и сметките за да се види дали има заостанати пари од блок дотации од минатите години, како и други средства кои може да се пренаменат за греењето.

Back to top button
Close