Ново хортикултурно катче во Карпош 3

 Ново хортикултурно катче со систем за наводнување, но и клупи за седење, реквизити и подлога ќе биде поставено на влезот од трговскиот центар „Лептокарија“, во населбата Карпош 3.

Уредувањето на овој простор, како што соопшти денеска Општина Капрош, ќе го финансира и реализира „Халкбанк“ АД Скопје, согласно нивната заложба за подобрување на животната средина, под платформата „Халкеко“.

Општинските власти посочуваат дека овој зелен корнер е лоциран во централниот дел на „Лептокарија“, каде што фреквенцијата на граѓани е поголема, а местото претставува омилен дел за рекреација на жителите од најблиските згради и живеалишта. Со уредувањето на просторот, карпошани ќе добијат ново катче за маалска дружба и рекреација,

-Општина Карпош продолжува со постојаното раззеленување на јавниот простор, а добро е што нашата заложба за чист и зелен Карпош е препознаена и од приватниот сектор, од општествено одговорни компании кои се придружуваат на иницијативата, се наведува во соопштението на општината.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close