Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

– Ново детско инклузивно игралиште за деца со попреченост денеска официјално беше отворено во Општина Карпош, на улицата „Веселин Маслеша“. Во игралиштето има поставено адаптирани реквизити токму за овие деца, но и стандардни и фитнес реквизити за рекреација.

Градоначалниците на Општина Карпош и Град Скопје, Стефан Богоев и Петре Шилегов денеска го посетија игралиштето и испратија апел граѓаните совесно да ги употребуваат реквизитите.

-Денеска овде во Карпош 2 и официјално се пушти во употреба ова инклузивно игралиште, направено од Градот Скопје. Се работи за игралиште кое има и реквизити и за дечињата со попреченост но и стандардни реквизити како и дел фитнес реквизити за рекреација. Ја одбравме оваа населба Карпош 2 бидејќи статистички во основното училиште „Верац“ кое е реонско училиште има најголем број на дечиња со попреченост. Се надевам дека тому поради тој факт маскимална ќе биде искористеноста, рече Богоев.

Инвестицијата, како што додаде градоначалникот Шилегов, е околу 2.900.000 денари. Појасни дека Градот ќе продолжи да вложува во социјалната сфера, со цел секој граѓанин да добие еднаква шанса.

-Градот Скопје континуирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите наши сограѓани. Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под. Искрено верувам дека секој човек и граѓанин има право на еднаква шанса, а ние како инстиуции сме должни тие шанси да им ги даваме, рече Шилегов.

Отварање на инклузивно игралиште во Карпош

Posted by MИА.mk on Сабота, 30 мај 2020

Back to top button
Close