Ново издание со поезија на Славко Јаневски
-Изборот на изданието го подготви Раде Силјан, кој во поговорот за книжевниот опус на знаменитиот деец, констатира дека, во плејадата македонски писатели, името на Славко Јаневски зазема едно од челните места. Пројавувајќи се со подеднаков успех во повеќе жанрови тој создаде дела, кои и од историска и од тематски-естетска гледна точка имаат посебно значење за македонската литература и за стандардизацијата на македонскиот книжевен јазик, соопштија од „Матица“.
Славко Јаневски (Скопје 1920-2000) е автор на поетските книги: „Крвава низа“, „Пруга на младоста“ (заедно со Ацо Шопов), „Егејска барутна бајка“, „Лирика“, „Леб и камен“, „Евангелие по Итар Пејо“, „Каинавелија“, „Оковано јаболко“, „Астропеус“, „Змејови за игра“, „Песји шуми“ и други. Добитник е на бројни национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“, „АВНОЈ“, „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“