Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30 % во однос на одлуката од 27.06.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,671%, кај дизелот за 2,639%, кај екстра лесното масло за 6,774% и кај мазутот намалувањето е за 1,701%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3392%.

Од 1.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,583 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,605 ден/кг и сега ќе изнесува 39,583 ден/кг.

Back to top button
Close