Ново сведоштво за убиецот на Росица: Поранешната девојка пред 12 години го пријавила во полиција – се заканувал дека ќе ја убие нејзината сестра

Животот на Росица од Велес не бил единствен загубен поради психолошкото малтретирање и посесивното однесување на нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски. Како што известува „Слободен печат“, тој истиот модел на злоупотреба го применувал и врз други девојки со кои бил во врска, кои со години се обидувале да стават крај на врските со него.

„Слободен печат“ обезбеди сведоштво од една од овие жени, која се отарасила од него по година и половина врска, но доживеала сериозно малтретирање уште од 2013 и 2014 година, при што повеќепати го пријавувала во полиција. Девојката раскажува дека Стефановски не прифатил „не“ и постојано ѝ се заканувал, ја следел, ѝ ѕвонел и ѝ пишувал пораки, а понекогаш ѝ истурал и пијачки.

„Имаше драматични испади дека ‘ќе се убие’ ако не бидеме пак заедно“ – изјави девојката за „Слободен печат“, при што нејзиниот идентитет е заштитен по нејзино барање.

Таа наведува дека Стефановски и го одземал телефонот за да праќа пораки во нејзино име со цел да ѝ наштети и се заканил дека ќе ја убие нејзината сестра. И покрај пријавите, малтретирањето не престанало – графити со навреди за неа и нејзини блиски се појавувале низ Скопје, а една вечер, откако била нападната на улица и удрена по главата, завршила во болница.„По 13 години потсвесно ми беше очекувано дека вакво нешто ќе се случи. Полицијата го гледа случајот изолирано, а не во поширок контекст“ – додава девојката.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права за „Слободен печат“ потврдија дека најмалку четири девојки поднеле пријави против Стефановски од 2013 година наваму, за закани, следење и малтретирање.

Повеќе

Back to top button
Close