„Новогодишна сказна“ – двојазична сликовница за деца со оштетен вид

Здружението „Свет на Различни а Еднакви“ објави инклузивна сликовница за деца со оштетен вид на македонски и на албански јазик  – „Новогодишна сказна“ од Гордана Симоновска-Момироска, поетеса за деца и млади.

Препевот на стиховите од македонски на албански јазик е на поетесата Пунторие Муча Зиба, илустрациите се на Наско Џорлев, а на Брајовото писмо сликовницата ја подготви Тони Пајдаков, секретар на Здружението на слепи лица во Велес.

– „Новогодишна сказна“ е материјалчно поддржана од повеќе институции и донатори. Рецензент на проектот е Горјан Петревски, а јазичната редакција на универзитетската професорка Гордана Алексова, соопшти Здружението „Свет на Различни а Еднакви“.

Back to top button
Close