Новоизбрано раководство на Либерално Демократска Младина

Викенд без ДДВ е проект на ЛДП, тврдат од партијата - МИА

На ден 10.07.2021 година на 15тиот Конгрес на Либерално Демократската Младина беше избрано новото раководство за наредните 2 години. На Конгресот едногласно за претседател на младината беше реизран актуелниот претседател Димитар Ванчов. Тој понуди нова програма  која на Конгресот беше претставена пред членството.

“Ајде сите заедно да направиме младите да останат млади и да се залагаат за младински политики.Секоја млада индивидуа има свои уникатни карактеристики, а како такви општеството треба да ги негува и промовира.Ние како политички подмладок можеме да помогнеме во создавање на општетство во кое секој млад човек ќе се чувствува удобно во неговата кожа и ќе го ужива периодот кој што се случува еднаш во животот, а тоа е да си млад и да твориш како млада личност.” – изјави новоизбраниот претседател.

Како потпретседател беше иозбран Александар Стојановски .

“Младите се најголемата сила која може да генерира промени кои ќе значат поголема инклузија на младите во општественото живеење. ЛиДеМ како младина секогаш застанува на страната на промените кои ќе значат поголема улога на младите во креирањето на политики, подобар младински стандард и зголемување на младинската активноство секоја област.”

За генерална секретарка на младината беше  избрана  Теодора Димитровска.

“Ние сме тие млади. Нашата активност е рефлексија на нашите заложби кои го гарантираат европскиот стандард за нашите млади дома, во нашата држава. Ние сме дел од сите други врсници во Европа, независно каде се лоцирани. Затоа повикуваме на единство и компактност на младите. Ајде заедно да го креираме она за кое се залагаме , ајде сите заедно да ги тргнеме бариерите кои постојат меѓунас. Ние сме таа иднина на која се повикува, ние сме таа промената која доаѓа и ние сме тие кои заедно треба  да работиме и дејствуваме. Млади за младите во име на младите”

Back to top button
Close