Новото задолжување од 15 милиони евра денеска е на собраниска комисија
На собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е задолжувањето на Република Македонија во износ од 15 милиони евра за „проект за унапредување на основното и средното образование“.
Проектот за унапредување на основното образование беше подготвен во рамки на Стратегијата на Меѓународната банка за обнова и развој за партнерство со нашата држава за периодот 2019-2023. Проектот успешно се имплементира од страна на Министерството за образование и наука од април 2021 година кога е склучен и Договор за заем. Крајниот рок за имплементација на проектот е 27 февруари 2026 година. Од вкупниот износ на заемот кој изнесува 21.500.000 евра, процентот на повлечени средства заклучно со 31 мај 2025 година изнесува 89.80%.
Во имплементацијата на проектот се вклучени и Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, општините и основните училишта.
Согласно Заклучокот од 30-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 12.11.2024 година, Министерството за финансии во соработка со Министерството за образование и наука на 3.12.2024 година доставија до Светска банка барање за обезбедување на дополнително финансирање во износ од 15 милиони евра како дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, како и продолжување на крајниот рок за имплементација на Проектот за унапредување на основното образование.
Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Меѓународната банка за обнова и развој –
Светска банка изнесува 15 милиони евра.
Заемот ќе биде доделен на Република Северна Македонија под следните услови:
•Рокот на отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од 3 години;
•Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон;
•Заемот ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 15 јуни
и 15 декември секоја година;
•Согласно прописите на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, Република Северна Македонија како заемопримач има обврска да ѝ плати на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка еднократна провизија од 0.25% од износот на заемот (Front-end-fee). Оваа провизија ќе биде платена еднократно од средствата на заемот;
•Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на Меѓународната банка за обнова и развој