НП Маврово  против изградба на хидроцентрали во заштитените подрачја  

Штетите кои можат да се предизвикаат со изградба на мини хидроцентрали на територијата на националниот парк Маврово би биле огромни. Анализите кои ги имаат реализирано стручни лица покажуваат дека хидроцентралите ќе создадат негативни последници како на флоратата така и на фауната на овој национален парк. Оваа го изјави за  Либертас директорот на Националниот парк Маврово, Самир  Ајдини, кој додаде дека токму ова се основните аргументи што управата на паркот се сротивставува на изградба на  мини централи на неговата територија. „Повеке би имало штети од колку што би имало позитивни ефекти од изградбата на хидроцентрали на територијата на паркот“ вели Ајдини .

Инаку и раководството и населението во Општина Маврово и Ростуше, подолг период е против изграба на миницентрали  на територијата на општината, која над 90 насто е и територија на националниот парк Маврово. Пред извесно време градоначалникот Медат Куртовски го изнесе ставот дека на територијата на паркот и општината не треба да се градат хидроцентрали, бидејки овој  македонски регион е еден од најубавите во земјава и е заштитено подрачје.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close