НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го објави повикот за „Самоуки 2021“

– Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика неакадемските уметници од Куманово да учествуваат со три дела по свој избор на традиционалната изложба „Самоуки“, информираа денеска надлежните од НУЦК. Право на учество имаат неакадемските уметници кои ќе треба да достават свои дела најдоцна до 31 мај, годинава.

Стручна комисија ќе ги оцени делата кои ќе бидат дел од традиционалната изложба која годинава ќе се одржи на 16 јуни во кумановскиот центар за култура.

– Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела. Информации на телефон 031/ 415-099 (Роберт Цветковски, Зоран Арсовски и Миранда Фазлиу), повикаа од кумановскиот центар за култура.

Традиционалната изложба „Самоуки 2021 “ е дел од годишната програма за изложби на националната установа.

Back to top button
Close