Нухиу го поздрави изборот на Абази за шеф на ОЈО ГОКК: Со нетрпение очекуваме напредок во истражните постапки

„Со чинот на директно гласање, Македонија влегува во уште поподготвено ниво во борбата против организираниот криминал и корупцијата“. Вака попладнево Агим Нухиу, заменик-министерот за правда го поздрави изборот на Ислам Абази за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Очекуваме поголем напредок во оперативната соработка со меѓународните партнери и координација на активностите меѓу обвинителството, полицијата и другите релевантни тела против организираниот криминал и корупцијата за подобрување на ефикасноста на спроведувањето на законот. Со нетрпение очекуваме напредок во истражните постапки, во гонењето и казнувањето на случаите на организиран криминал и перење пари со фокус на конфискација на имотот од криминал“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Ислам Абази беше еден од четворица кандидати за наследник на Вилма Русковска на чело на обвинителствтот, меѓу кои беше и самата Русковска. Тој е роден во Зајас, родното село на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Back to top button
Close