Нуклеарна војна меѓу демократиите и автократиите?
Денко Малески
Германскиот канцелар Мерц вчера потсети на судирот меѓу автократиите и декократиите во светот денес. Ова ехо на политиките на американскиот претседател Бајден сеуште е идејата водилка на политиките на големите европски сили во еден променет свет. Во униполарниот момент, со кој доминираше единствената голема сила, Америка, беше лесно човек да е приврзеник на оваа идеја и да не поставува прашања. Ја имавме единствената суперсила зад себе. Но, реалностите на војната во Украина и способностана Русија да одолее на економаските санкции и на дефакто учеството на НАТО во војната на страна против Русија, го наметнуваат прашањето за карактерот на тој сукоб меѓу демократиите и автократиите. Дали сукобот со автократиитетреба да биде и вооружен? Особено кога знаеме дека во нуклеарната ера, војната меѓу големите сили би значело крај на човештвото. Правејќи паралели со Кубанската криза, сеуште не можам да го разберам тоа отсуство на страв од нуклеарен армагедон кај денешните европски политичари. Наспроти волјата на нивните народи за мир.
Анкетите во Германија, Франција и Велика Британија покажуваат дека народите се против војна во Украина и за мир. Иста е ситуацијата и во САД. Последните анкети покажуваат дека 70 проценти од Украинците се против војната! А сепак, тешко е до мир кога политичкото водство на една држава заговара продолжување на војната до конечна победа. Дали конечна победа подразбира и нуклеарна војна, ако треба, не кажува никој. Најблиску до изјаснување беа зборовите на Швеѓанецот Карл Билт кој се согласи дека Русија би можела да фрли нуклеарна бомба врз Украина во случај да почне да ја губи конвенционалната војна, со напомена дека тоа, сепак, нема да води до нуклерна на размена на ракети меѓу САД и Русија. Запрепастен сум на леснотијата со која се употребени овие зборови. А, една мала нуклеарна бомба врз Шведска би била ОК? Западот како да е спремен да се бори до последниот Украинец. Само уште атомска бомба им треба на Украинците за трагедијата да биде епска, иако и сега мислам дека е таква. Европските политичари кои заговараат војна и се изразито непопуларни кај своите гласачи играат на картата на руската опсаност. Наративот на официјалната политика вели дека Путин сака да ја окупира цела Украина, дека потоа ќе се сврти кон државите на Источна Европа и на крајот ќе ја окупира цела Европа. Тоа, се разбира, не е точно. Воените аналитичари велат дека Путин, свесен дека отпорот на етничките Украинци би можел да произведе некаков „Виетнам“ или „Авганистан“, не сака да навлезе ниту во западна Украина а камоли да ја окупира цела Европа во манирот на водачот на Третиот рајх. Тоа е измислици за мобилизација на сојузот на демократии кои се во страшна неволја по препуштањето на одговорноста за војната врз ЕУ од страна на Доналд Трамп.
Но, што станува со наративот за нов Хитлер ако условите на Русија за мир се токму она што го вели официјална Москва: неутралност на Украина, признавање на четрите области и Крим, населени со Руси, за дел од Русија и разоружување на Украина? Дали се прифатливи за Европа никој не кажува. А, мир без прифаќање на руските услови нема да има. Тоа е горчливата реалност со која, порано или подоцна, ќе мора да се соочат европските политичари. Искуството покажува дека во политиката, домашна или меѓународна, има секвенци, исечоци во времето, би ги нарекол. На пропуштена секвенца нема враќање зашто настаните тргнале потака. Имаше повеќе такви секвенци за мирно решавање на спорот.пред почетокот на војната. Пропуштени, веќе нема враќање на нив. Порано или подоцна анропските политичари ќе мора да се соочат и да се изјаснат за руските услови. Порано, значи спасување на украински животи и стоп за натамошното уништувње на земјата во која големите сили, во 2022, почнаа една прокси војна која, со поинаква политика, можеше да се избегне. И, што ако на тврдењето од ЕУ дека Путин е зглавен на една мала освоена територија од некаде 20 проценти од територијата на Украина би можело да се одговори дека токму толку и му треба и дека таа цел, да ги анектира териториите населенимсо Руси, ја оствари неколку недели после почетокот на војната. Зашто, ако е точна оваа претпоставка, тогаш Русија ги остварила своите стратешки цели три-четри недели после почетокот на војна во февруари 2022. Се сеќавате дека тогаш, после референдумот во освоените четри области, на свечености во Москва, руската Дума, ги прогласи за дел од Русија. Воените аналитичари велат дека само ако биде принуден, Путин ќе оди на запад на Украина и на гласвниот град Киев.
Ако причините за војната, како што има кажано самиот американски претседател Трамп, се интеграцијата на Украина во НАТО и ако големата нуклеарна сила Русија го смета тоа за „егзистенцијална закана“, одговорот на европските политичари треба да биде: спремни сме да ги рагледаме вашите безбедносни грижи и да дебатираме за нова европска безбедносна структура во Европа.Дебата, која ќе ги земе предвид и нашите безбедносни интереси. Наместо тоа, од Брисел, Берлин , Париз и Лондон слушаме за продолжувањето на војната до победа и членство на Украина во НАТО, како што изјави несреќниот генерален секретар на алијансата Марк Руте некни.