Нуклеарна зима

Во Германската амбасада фатиле македонски граѓани кои за да добијат виза за работа аплицирале со фалсификувани сертификати за германски јазик. Од амбасадата сигурно знаат дека пред неколку години кај нас со фалсификувани сертификати за англиски јазик се пријавуваа кандидати за обвинители. Сигурно чуле дека во Македонија има и легално фалсификувани пасоши и возачки дозволи.

Дека, за македонските граѓани не е чудно ако некој сака со фалсификат да ја измами македонската држава. Ама, сигурно биле изненадени како некој си помислил дека ќе ја измами германската држава. Оттука и исклучително љубезното соопштение објавено на нивната фејсбук страница, во кое на барателите на виза им се обраќаат вака: „Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека Германската амбасада не прифаќа фалсификувани јазични сертификати во постапките за виза.

Доколку доставите фалсификат вашето барање не само што ќе биде одбиено, туку исто така ќе бидете внесени во интеринституционалната ‘датотека за предупредување за визи’“. Значи, да преведеме како тоа би го кажале на македонски јазик за граѓаните на кои им е нормално во државна институција да приложат фалсификуван документ. Да не ве навредиме дека сте глупави, љубезно ќе ви кажеме – Ние не сме сме глупави, ни корумпирани, ќе ве фатиме и ќе ве ставиме на црна листа за Германија и вас и тие што ви ги издале сертификатите. А вие, како сакате.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.мк

Back to top button
Close