Нуредини: Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО

Министерот Нуредини се заблагодари за одобрувањето на дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки.

„Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети и поддршка. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација. Затоа ги поканувам сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации“, истакна Нуредини.

Back to top button
Close