Нуредини – Сахикјан: Продолжува соработката за зелено опоравување

 Продолжување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на повеќе полиња, меѓу кои зеленото опоравување на економијата од КОВИД кризата, зголемување на спремноста на земјата за справување со природни катастрофи и интервенции за подобрувањетона инфраструктурата за заштита од поплави, суши и други екстремни временски непогоди, се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со Нарине Сахакјан, постојана претставничка на  УНДП во државава. 

– Тема на разговор беше и поддршката за остварување на амбициозната заложба на Република Северна Македонија во рамките на Договорот од Париз за климатски промени за намалување на емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030 година, споредбено со нивото во 1990 година. Во таа насока, Нуредини и Сахакјан разговараа за соработка во обезбедувањето на зелено финансирање со кое ќе се зголемат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во приватниот и станбениот сектор, информираат од прес-службата на МЖСПП.

Постојана претставничка на УНДП Сахакјан, чиј тригодишен мандат во земјата истекува следниот месец ја искористила средбата за да му се заблагодари на министерот Нуредини за успешната соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатите години, нагласувајќи дека УНДП ќе продолжи да биде близок развоен партнер на Република Северна Македонија во насока на остварување на националните приоритети и Целите за одржлив развој од Агендата 2030

Back to top button
Close