Џо Бајден е негативен на коронавирусот

Агенцијата АФП на својот Твитер канал објави дека тестот на Бајден бил негативен. Тие се повикуваат на изјавата на докторот на демократскиот претседателски кандидат.

Трамп и Бајден не се ракуваа ниту се приближуваа еден до друг во дебатата, а извор запознат со тоа за Си-Ен-Ен изјави дека точното растојание помеѓу подиумот на Трамп и Бајден на дебатата било 3,86 метри.

По објавата и самиот Бајден се огласи на Твитер и рече дека тој и неговата сопруга се негативни.

– Среќен сум што ви известив дека Џил и јас добивме негативен тест за корона. Ви благодарам на сите што ни испратија пораки. Треба да се потсетиме: носете маски, држете се на растојание и мијте ги рацете – порача Бајден.

Back to top button
Close