ОЈО Битола не издало наредба за приведување или итен распит на Лозановска. Началникот го правел на своја рака
Обвинителството од Битола побарало и добило од судот налог за претрес за да се обезбедат предмети (печатот на училиштето) за кривично дело но во налогот не бара ни приведување ни итен распит на во случајот директорката на училиштето Маја Лозановска како што синоќа постапуваше полицијата предводена од началникот на полицијата . И покрај укажувањето од бранителот на Лозановска дека во налогот на ОЈО не пишува распит веднаш туку има рок од 15 денови ниту пак нејзино приведување началникот по претресот на домот на директорката и на нејзиниот автомобил во присуство на докторката од брза помош категорично се закануваше дека ке ја лиши од слобода и ако треба на носила ке биде однесена во полиција на распит веднаш. Тоа што адвокатот му укажуваше дека Лозановска е на боледување до вторник а докторката од брза помош кажа дека по прегледот утврдила крвен притисок од 160 со 100 не го убедуваше началникот во намерата да ја приведе веднаш ако требе со брза помош или како што се закануваше на носилки.

„Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети сè уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството. Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е во целост испочитувана. Спроведувањето на наредбата е во надлежност на полициските службеници. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“,се вели во соопштението од Обвинителството
Во соопштението не се споменува дека директорката треба да биде однесена во полициска станица, на што инсистирал полицискиот началник.