ОЈО до Палевски: Си правите алиби со плаќањето во банката денот кога е Вања убиена, но не нудите докази

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска продолжи со прашања за обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според Обвинителството, Палевски дава само алиби за деновите кога се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но не нуди докази, пренесе Скопје1.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Дали си правевте алиби за 27.11.2023 со плаќањето на сметка во Банката?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Бев да плаќам кога ми стигнаа пари на сметка, ако сум убил – ќе правев алиби. Добив 1000 евра од ‘јутуб’ на сметка и отидов во ‘Халк Банка; на Буњаковец, има многу експозитури на Партизанска. Вие слушнавте дека сите биле под уцена од мене, се плашеле да не им ги убивам фамилиите и зошто имало потреба јас да одам во ‘Дупки’ туку едноставно ќе сум наредил, зошто би отишол од Скопје во Велес за ‘цитроен’ канта, што е поевтин од мојот Ајфон. Но според вашата логика сум морал да отидам и да го убијам Панче. И покрај тоа што сте ги обезбедиле доказите, некој пред 10 години имал кривична пријава, од Панче Жежовски кон него, пријава до Советот на јавни обвинители, жртвата тврди дека Велибро Манев е под заштита на ОЈО Велес. Но вие повторно тврдите дека јас сум отишол во Велес да го убивам.

Повеќе

Back to top button
Close