ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци

ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци. Од Обвинителството информираат за МИА дека ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска доставило известување против непознати лица.

– ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители, се вели во писмениот одговор од Обвинителството,.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на месецов од Државниот просветен.

Според информациите кои ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, се вели во писмениот одговор од ДПИ.

МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, дека злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Тогаш побаравме одговор за ова од  портпаролката на СВР Велес,  Биљана Ѓаковска.

– Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, одговори тогаш Ѓаковска.

Родител на едно од девојчињата, за  МИА рече дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од фејсбук на повеќе  девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирање со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови

 

 

 

Back to top button
Close