ОЈО отвори предмет по допрен глас за неправилности во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Карпош

Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас, по објавените информации во медиумите за наводни неправилности утврдени при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во врска со трагичниот настан во Карпош кога загинаа мајка и ќерка по пад од балкон.

Како што соопштуваат од Обвинителството, предметот е доставен на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе спроведе проверки со цел да утврди дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

Надлежното обвинителство ќе ги преземе сите потребни дејствија за целосно расчистување на наводите и утврдување на фактите

Back to top button
Close