ОЈО-Поканата до Ивановска е испратена на 27 јули и нема врска со политички активности
Откако Билјана Ивановска, поранешната претседателка на Антикорупциска и актуелна кандидатка за градоначалник за општина Центар, објави дека по 11 часа откако ја објавивла кандидатурата за градоначалник на општина Центар, полицајци затропаала на нејзината врата за да и врачат кривична пријава, со објаснување се огласија и од Обвинителатвото.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.02.2025 година и презема дејствија за да ги провери наводите. Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25.07.2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата, велат од скопското обвинителство
-Во меѓувреме се преземени многу дејствија, прибавен е конкретен предмет и извршени распити на повеќе други лица. Поканата е пратена многу пред најавата за кандидатура, велат од Обвинителството.
На прашањето зошто поканата не била пуштена по пошта, туку преку МВР, велат:
-Испраќање покани преку МВР не е невообичаена постапка и се користи често, бидејќи има проблем со редовност достава од редовната пошта. Во конкретниот случај начинот на достава е избор на предметниот јавен обвинител, одговараат од Обвинителатвото