ОЈО Скопје бара притвор за двајца учесници на протестите за „Монструм“: Најавува и други кривични постапки

Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Скопје бара притвор за двајца учесници на вчерашниот протест против пресудата за предметот „Монструм“. Станува збор за две лица на возраст од 19 и 22 години кои обвинителството ги сомничи за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.

Од ОЈО Скопје велат дека притворот го бараат од две причини: дека осомничените може да се дадат во бегство или да го повторат делото.

„По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници – велат од ОЈО Скопје.
Оттаму најавуваат и дека откако МВР ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои извршиле насилство на протестот, и за нив ќе поведе кривична постапка.

Back to top button
Close