ОЈО Скопје бара притвор за лице од Русија поради изнуда на 20 000 евра

Основното јавно обвинителство Скопје денло наредба за спроведување истражна постапка против лице од Русија, со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение дека во земјава извршило кривично дело изнуда.

Осомничниот, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство во периодот од јули лани до 9 октомври, годинава, односно до вчера, упатувајќи сериозни закани по животот на оштетеното лице од него изнудило 20 000 евра.

Во краткиот опис на делото се наведува дека осомничениот во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека доколку не го врати наводниот долг кон лице од Босна и Херцеговина, во вкупен износ од 300 000 евра ќе му го загрози животот нему и на неговото семејство.

Осомничениот стапил во контакт со оштетениот со кој остварил повеќе средби.

„На средбата на 09.10.2025 година од оштетениот зел 20 000 евра, по што бил лишен од слобода“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и врз оштетениот, како и ризик да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

 

Back to top button
Close