ОЈО тврди дека нема индиции дека некој се обидел да го прикрие убиството на Денис Тот

Сплет на околности при приемот и брзината на  медицинските тимови кога го примиле  ракометарот Денис Тот поради неговата тешка состојба и тие во тој момент не ги забележале повредите по телото.

Но, во никој случај нема сомневање дека некој сакал да го прикие случајот дека станува збор за убиство, вели за Канал 5 обвинителот Гаврил Бубевски.

„ Едноставно кога го примеле во болницата на прв преглед не процениле дека се работи за насилие извршено врз човекот и така процениле дека се работи за некаква природна состојба којашто треба дас е лекува, после тоа се утврдува од како почина човекот дадена е наредба за обдукција преземени се дополнителни мерки обезбедени се камери за да се покрие целиот настан да се види целата ситуација и утврдено е дека се работи за кривично-правен настан. Кое едно лице е нападнато и за жал на крај е со смртни последици“, објаснува Бубевски за  Канал5.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close