О2 Иницијатива: „Потпишете петиција – Дрисла да остане во јавно владеење, доста е од мафијашки тендери
О2 Иницијатива повикува граѓаните да ја потпишат петицијата за Дрисла да остане под јавно управување на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалници да се обврзат дека нема да склучуваат јавно-приватни партнерства, туку ќе инвестираат во трансформација на депонијата во современ центар за управување со отпад по примерот на Љубљана.
Потпиши ја петицијата Дрисла да остане во јавно владеење на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалник на Град Скопје да се обврзат на ова и започнат инвестирање во трансформирање од една застарена, нестандардна депонија во современ центар за управување со отпад, по пример на Љубљана, каде помалку од 5% од отпадот се депонира.
-Сподели ја!
Бараме Дрисла да остане во владение на град Скопје и да се трансформира по примерот на Регионалниот центар за управување со отпад во Љубљана, а не да се дава на јавно-приватно партнерство, приказна која цела деценија е тотален неуспех и кривец зошто сме тука кај што сме!
Бараме кандидатите за градоначалник на Град Скопје да се обврзат дека нема да формираат јавно-приватно партнерство за управување со Дрисла и дека ќе го започнат процесот на изградба на центар за управување со отпад по примерот на Љубљана, со комбинирани финансии од сопствен буџет, буџет на општините во Скопскиот регион, државни средства, ЕУ фондови, кредити со ниски стапки.
Во Словенија инвестицијата чинеше околу €150 милиони, каде 50% беа обезбедени од европски фондови. Изградбата одеше во фази, а јавното претпријатие е самоодржливо и не му се потребни субвенции за да функционира. Бараме да се преземе истата стратегија и за Дрисла и да престане системот на просто депонирање на отпад!
Се угушивме од чадовите на запалени депонии! Доста ни е од застарен начин на постапување со отпадот каде само се трупа во депонии!
Премиерот Мицкоски изјави дека повторно ќе направат јавно-приватно партнерство, како претходно, кога Дрисла беше дадена на мафијашите италијани во време на Коце Трајановски. За девет години ништо не направија од наведеното во тендерот. Градот Скопје имаше само 20% од сопственоста над Дрисла